Торта снегулка
Торти

Торта снегулка

210 min
Prep: 120 / Cook: 90
10
servings
Easy
Difficulty
No ratings
No ratings
Г
Горан Ангелески
April 26, 2026

Ingredients

12
  • 5 парчиња белка од јајце
  • 5 супени лажици шеќер
  • 5 супени лажици брашно
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 500 милилитри млеко
  • 5 парчиња жолчка од јајце
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 грама чоколадо за готвење
  • 300 милилитри слатка павлака
  • 1 кесичка инстант желатин фикс

за заблажување

  • 100 грама шеќер

за згуснување

  • 200 грама јафа бисквити

Preparation

5 Steps

1
Step

Белките се матат со шеќерот, се додава брашното и прашокот за пециво. Смесата истурете ја во тава обложена со хартија за печење и печете на 200 степени околу 30 минути. Сварете 100 мл млеко и ванилин шеќер. Печениот бисквит одвојте го од хартијата, избоцкајте го и прелијте го со врело млеко. Оставете да се излади.

2
Step

Сварете 400 мл млеко. Изматете ги жолчките и шеќерот, па прелијте го со врело млеко. Повторно ставете го на шпорет, па сварете го кремот со постојано мешање. Штом ќе зоврие тргнете го од оган. Измешајте желатин фикс во топлиот крем. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па измешајте со млака павлака. Оставете да се излади.

3
Step

Чоколадото и бисквитот јафа изрендајте ги. Додадете во кремот кој е целосно изладен, па сè убаво измешајте.

4
Step

На плехот ставете го бисквитот, па ставете го работ од калапот за торта кој го обложивме со фолија. Ставете го кремот врз бисквитот, па оставете го во фрижидер час до два, за да се стегне кремот.

5
Step

Кога кремот ќе се стврдне, извадете ги рабовите од калапот, а целата торта премачкајте ја со шлаг по вкус. Декорирајте по желба, па послужете.

Leave a comment