За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Потпечени макарони со кашкавал и крем сирење".
Чекор 1
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ги.
Чекор 2
Во сад на рингла растопете го путерот и на загреаниот путер пропржете го брашното.
Чекор 3
Додадете го полека млекото и варете со постојано мешање додека да се згусне смесата.
Чекор 4
Потоа додадете ги крем сирењето, ренданиот кашкавал и убаво измешајте.
Чекор 5
На крај во смесата измешајте ги и сварените макарони.
Чекор 6
Смесата сипете ја во намастена тава и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути, односно додека да се запечат и да добијат убава светло кафена боја.
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Топли Предјадења
Вкупно време
Околу 50 минути
Начин на сервирање
4 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
8 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.