Колачи

Колачиња со портокал и мармалад од кајсии

Едноставни колачиња со мирис на портокал и ванила, што се лепат по две со мармалад од кајсија или слива. Тестото се меси за неколку минути, а колачињата се печат кратко, па за час-два имате полн послужавник. Идеални се кога очекувате гости или ви треба нешто благо за поголемо друштво.

Time
1 h 30 min
Servings
10
Difficulty
Easy
Е
Елена Ристова
November 16, 20267 recipes

Ingredients

serves 10

9
  • 4 цели јајца
  • 4 филџани шеќер
  • 4 филџани зејтин
  • 600 грама брашно
  • 1 кесичка пециво
  • 2 кесички ванила
  • 1 цело портокал
  • ½ тегла мармалад од кајсии

декорација

  • 100 грама чоколада за кување

Preparation

6 Steps

1
Step

Состојките соберете ги и измесете тесто, месете сè додека шеќерот целосно не се растопи.

2
Step

Тестото развлечете го во кора и вадете мали кругчиња.

3
Step

Кругчињата наредете ги во тавата на поголемо растојание едно од друго, бидејќи имаат потреба од простор.

4
Step

Печете ги само 8 минути. Извадете ги иако сè уште се меки: кога ќе се оладат, ќе се стврднат.

5
Step

Оладените колачиња лепете ги по две со мармалад од кајсија или друг мармалад по желба.

6
Step

Одозгора украсете ги по желба и наредете ги на послужавник.

Chef's Tip

Не ги држете во рерната подолго од 8 минути, иако ви изгледаат меки: штом се оладат, се стврднуваат како бисквити. Колку повеќе одстојат, толку стануваат помеки. За поголемо друштво наредете ги на широк послужавник, во повеќе редови, за секој лесно да си земе.

Leave a comment