Во длабок сад ставете го брашното па потоа додадете ги солта, шеќерот, содата бикарбона,маслото и квасецот во прав. На крај промешајте ги состојките и додадете ја водата и месете додека убаво го измесите тестото. Доколку тестото се лепи за раце додадете малку брашно, во спротивно додадете малку вода.
Пити и теста
Питулици на сода
Посни питулици од тесто со квасец и сода, исечени на ромбови и пржени до златна боја. Лесни и готови за 50 минути, идеални за Божиќниот пост.
Time
Prep20 min
Cooking30 min
50 min
Servings
4
Difficulty
Easy
Fasting
Ingredients
serves 4
- 1 килограм брашно
- 500 милилитри вода
- 1 кафена лажица шеќер
- 1 голема лажица сол
- 1,5 кафени лажици сода бикарбона
- 3 големи лажици масло
- 1 кесичка квасец
Preparation
7 Steps
1
Step2
StepТестото оставете го да одмори половина час.
3
StepОдмореното тесто измесете го уште еднаш и поделете го на два дела и направете две топчина.
4
StepЕдното топче оставете го на страна покриено да не се сушии. На рамна површина сипете малку брашно и со сукалка растегнете го тестото да не биде ни многу дебело ни танко средна дебелина.
5
StepСо нож сечете го тестото како на сликата(ромб)
6
StepВо тава на загреано масло пржете ги пресечените парчина додека да добијат златна боја од едната страна па потоа превртете ги на другата страна.
7
StepПостапката повторете ја и со другото топче на тесто.
Chef's Tip
За околу 4 лица.
