Топли Предјадења

Мини пици со салама, кашкавал и кечап

Меко тесто исечено во кругчиња со чаша и наполнето со кечап, рендана салама и кашкавал.

Time
30 min
Servings
10
Difficulty
Easy
А
Ана Т.
November 3, 2026Recepti.mk editorial team

Ingredients

serves 10

9

За филот

  • Кашкавал по потреба
  • Рендана салама по потреба
  • Кечап по потреба

За тестото

  • 15 грама свеж квасец
  • 250 милилитри вода
  • 70 милилитри масло
  • 1 супена лажица сол
  • 1 супена лажица шеќер
  • 500 грама брашно

Preparation

6 Steps

1
Step

Во поголем сад издробете го квасецот, па додадете ја водата, маслото, солта и шеќерот.

2
Step

Измешајте со дрвена лажица додека квасецот целосно не се раствори.

3
Step

Додавајте го брашното малку по малку и замесете меко тесто.

4
Step

Развлечете го тестото со оклагија и со чаша вадете кругчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

5
Step

Секое кругче премачкајте со малку кечап, ставете рендана салама, па малку изрендан кашкава.

6
Step

Печете ги во загреана рерна на 200°C околу 15 минути, додека рабовите не поруменат.

Chef's Tip

Тестото развлечете го подебело, околу половина сантиметар, за пиците да останат меки. Не ставајте премногу кечап, за кругчињата да не се натопат. Наместо салама можете да ставите нешто по ваш избор, а мини пиците се најубави додека се уште топли.

Leave a comment