Зимници

Црвени пиперки во солило со лук и магдонос

Меснатите црвени пиперки кратко се обаруваат во солило со винска киселина, па се редат во тегли со магдонос, лук и ловоров лист. Есенска зимница со изразен киселкаст вкус и мирис на свежи зачини.

Time
1 h 20 min
Servings
6
Difficulty
Easy
ЗимницаAutumn
А
Ана Т.
October 15, 2026Recepti.mk editorial team

Ingredients

serves 6

8
  • 6 килограми црвени меснати пиперки
  • 500 грама шеќер
  • 100 мл масло
  • 50 грама сол
  • Магдонос и лук по вкус
  • Ловоров лист неколку ливчиња
  • 1 литар винска киселина
  • Црн бибер во зрна неколку

Preparation

5 Steps

1
Step

Добро измијте ги пиперките и исчистете ги од семето. Ситно исечкајте ги магдоносот и лукот да бидат подготвени.

2
Step

Во тенџере ставете ги винскиот оцет, маслото, шеќерот и солта. Загрејте додека солилото не зоврие.

3
Step

Откако ќе зоврие солилото намалете ја температурата на најтивко. Ставајте ги пиперките една по една во солилото, оставете ги по некоја минута во него колку малку да попримат од истото.

4
Step

Редете ги пиперките во тегли и ставајте од магдоносот и лукот меѓу нив.

5
Step

Оставете го солилото да се излади да биде млако и во него додадете ги ловоровиот лист и биберот во зрна. Турете го солилото во теглите со пиперки, така што пиперките во теглите мора да бидат целосно покриени со солилото.

Chef's Tip

Пиперките обарувајте ги кратко, за да ја задржат цврстината. Солилото треба да биде млако кога го налевате во теглите.

Leave a comment