За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Чорба од леќа".
Чекор 1
Леќата се чисти и се става во сад за варење и се додава вода која ја покрива леќата. Се остава да проврие 3-5 минути и потоа се плакне со ладна вода.
Чекор 2
Потоа се додава 1.5 литар вода во тенџерето.Исто така се додава маслиново масло па потоа ситно исецканиот лук и морковот кој претходно треба да се изренда и се вари на среден оган.
Чекор 3
Откако ќе се свари леќата се прави запршка на следниот начин. Во тавче се загрева маслиновото масло и се додава брашното.Се меша кратко додека малку се пропржи брашното и потоа се додава црвениот пипер се меша и оваа смеса се тура во тенџерето со веќе сварената леќа.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 70 минути
Начин на сервирање
4 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
9 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.