За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Црн дроб во сос ( свински )".
Чекор 1
Исечкајте го кромидот на ситни парчиња а морковот исечкајте го на кругови. Исто така и џигерот се сече на парчина.
Чекор 2
Во тава се пржи кромидот и морковот. Додека се пржат кромидот и морковот парчината од џигер се валкаат во брашно да бидат подготвени за пржење.
Чекор 3
Откако ќе омекнат морковот и кромидот во тавата се додава џигерот да се прижи со мешање од сите страни.
Чекор 4
Потоа се додава црвениот пипер малку да се запржи па се додава вода, коцката за супа и ловоровиот лист. На средна температура се динста смесата околи 25 минути со покриен капак.
Чекор 5
Потоа се додаваат останатите зачини и ако е потребно вода може да се додаде малку и се динста уште некои 10 до 15 минути.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 60 минути
Начин на сервирање
3 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
11 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.