За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Грашок манџа со свинско месо".
Чекор 1
Исецкајте го кромидот, морковот и пиперките. Исто така и свинското месо исечете го на парчиња по желба.
Чекор 2
Кромидот, морковот и пиперките кои претходно се исецкани се ставаат во тенџере со загреано масло и се динстаат. Потоа се додава и месото за се заедно да се динста. Во меѓувреме се додава и лажица пипер, сол и мешан зачин.
Чекор 3
Сето тоа заедно се динста. Штом месото почнува да менува боја и почне да омекнува, се додава вода да се прекрие месото. Се остава на тивко да вари околу 40 минути. Потребно е да се внимва да не дојде до загорување.
Чекор 4
После 40 минути варење се додаваат компири, грашок и исечканите домати. Се додава вода да се покрие целата содржина, па се вари уште 40 минути.Потребно е на крај да се додаде и запршка.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 90 минути
Начин на сервирање
5 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
9 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.