За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Колбаси во пикантен сос".
Чекор 1
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку маслиново масло.
Чекор 2
Додадете ја сланината исецкана на коцки и кратко пропржете ја.
Чекор 3
Потоа додадете ги сецканите домати пелати од конзерва, сецканиот лук и сите зачини.
Чекор 4
Динстајте го сосот додека да се згусне. Додадете сол и бибер по вкус и малку шеќер. По желба додадете и луто пиперче.
Чекор 5
Сосот рамномерно распоредете го на дното на тавата и на него распоредете ги колбасите и притиснете ги во сосот.
Чекор 6
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.
Чекор 7
Послужете ги со прилог по желба.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 35 минути
Начин на сервирање
2 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
11 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.