За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Макарони со кашкавал".
Чекор 1
Потребно е да ги сварите макароните. Во тенџере со вода ставете малку сол и кога ќе зоврие водата додадете ги макароните и варете некоја минута помалку од предвиденото време кое е прикажано на паковката.
Чекор 2
Во тенџере ставете го путерот да се растопи. Потоа додадете го бршното и пржете околу 3-5 минути.
Чекор 3
Потоа додавајте го млекото постепено со постојано мешање за да се избегне правење на грутки.Откако ќе добиете убава густина на сосот оставете да повари неколку минути па потоа тргнете го од оган. Во сосот постепено додавајте го кашкавалот и мешајте постојано додека кашкавалот не се растопи и соедини.
Чекор 4
Сварените макарони и готовиот сос смешајте ги и сипете ги во сад за печење. Печете 25-30 минути на 200 степени.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 50 минути
Начин на сервирање
6 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
8 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.