Главни јадења

Макарони со ситно сечени маслинки во путер

Брзо јадење од макарони и маслинки, готово за околу 30 минути. Тестенините се варат во посолена вода, а маслинките кратко се загреваат во длабока тава со путер и маслиново масло, па потоа се мешаат со сварените макарони. Рецептот е за 4 порции.

Време
30 мин
Порции
4
Тежина
Лесно
Г
Горан Ангелески
Пред 11 часа6 рецепти

Состојки

за 4 порции

5
  • 1 пакување макарони
  • 200 грама маслинки
  • 50 грама путер
  • 100 милилитри маслиново масло
  • 1 супена лажица сол

Подготовка

4 Чекори

1
Чекор

Во посолена вода додајте маслиново масло и ставете ги макароните да се варат.

2
Чекор

Додека се варат макароните, исечете ги маслинките на ситни парчиња.

3
Чекор

Во длабока тава ставете маслиново масло и путер. Штом малку се загреат, додадете ги маслинките.

4
Чекор

Кога макароните ќе се сварат исцедете ги и истурете ги во тавата со маслинките. Убаво промешајте да се соединат состојките.

Совет од готвачот

Наместо обични макарони, може да користите шарени тестенини за поинтересен изглед, или интегрални и други видови тестенини.

Остави коментар