За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Макарони со сланина, печурки и кашкавал".
Чекор 1
Во сад ставете вода и додајте малку сол. Кога водата ќе зоврие додадете ги макароните и варете ги според упатството.
Чекор 2
Сланината исечкајте ја на мали парчиња, кашкавалот изрендајте го и печурките исто така исечкајте ги.
Чекор 3
На масло пржете ја сланината, а потоа додадет ги печурките и пржете ги.
Чекор 4
Потоа во садот додавајте го брашното со мешање а потоа и млекото и сенфот и гответе 3-5 минути со мешање и тргнете ја тавата од оган.
Чекор 5
Во смесата додадете сол и други зачини по желба.Потоа во садот каде што се макароните додадете го подготвениот сос и добро измешајте за да се соедини.
Чекор 6
Во стаклен сад кој е огноотпорен или во друг сад за печење турете ги макароните и од горе може да додадете рендан кашкавал. Печете 30-40 минути на 200 степени.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 50 минути
Начин на сервирање
4 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
9 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.