За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Македонско гравче тавче".
Чекор 1
Гравот се чисти, се мие и се става во тенџере. Се додава ладна вода и се остава да отстои преку ноќ. Гравот става во тенџере со чиста вода да се вари. Штом водата ќе зоврие, истата се истура и се додава нова вода.
Чекор 2
Во тенџерето се додаваат излупената главица кромид и сувите пиперки. Гравот се вари додека омекне, а по потреба се додава вода во тенџерето.
Чекор 3
Кон крајот, кромидот и пиперките се вадат во чинија и се пасираат.
Чекор 4
Во тава на оган се става 50 мл масло да се загрее. Во загреаното масло се додаваат кромидот, црвените пиперки, црвен пипер и запржува. Запржениот кромид се додава во тенџерето со гравот и се меша за да се соединат состојките. Гравот се зачинува со сол, црн пипер, буковска пипер и суво нане по вкус.
Чекор 5
Вака приготвениот грав се става во земјени тави. Ако има повеќе течност во тенџерето, истата се истура, а важно е да се добие густ грав. Тавите ги ставаме во загреана рерна на 250 степени. Гравот се печи околу 30 минути, додека се формира танка кора на површината.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 90 минути
Начин на сервирање
5 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
7 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.