За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Манџа од компири со мелено месо".
Чекор 1
Компирите излупете ги и исецкајте ги на четвртини. Кромидот ситно исецкајте го. Морковот и пиперките исецкајте ги на коцки.
Чекор 2
Во подлабока тава на рингла на масло испржете го меленото месо и зачинете го со по вкус со мелениот сув зачин и мелената црвена пиперка.
Чекор 3
Во месото додадете го сецканиот кромид и испржете го убаво со постојано мешање.
Чекор 4
Додадете ги компирите и мешајте неколку минути.
Чекор 5
Потоа додадете ги пасираните домати, сецканиот магдонос, сецканиот морков, сипете малку вода и оставете да се вари околу 15 минути.
Чекор 6
Додадете ги сецканите пиперки, дополнително зачинете ако има потреба. Сипете ја павлаката за готвење и ако има потреба уште малку вода и оставете на тивко да се вари додека да омекнат компирите.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 45 минути
Начин на сервирање
4 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
11 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.