За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Манџа со расол и свинско месо".
Чекор 1
Потребно е зелката да ја исечкаме на парчиња со големина по желба.
Чекор 2
Свинското месо се сечка на парчина со средна големина.
Чекор 3
Половина од зелката ставаме во тенџерето а потоа над зелката го ставаме месото и потоа се става над месото остатокот од зелката. Се додава црвен пипер и свинската маст. Се тура расолница малку над зелката за да може да се свари. Потребно е да се вари најмале 2 часа и повеќе.
Чекор 4
Ручекот е готов кога зелката е варена односно лесно се кине при допир. За крај може но и немора да се запрши со запршка од брашно и црвен пипер.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 135 минути
Начин на сервирање
5 порции
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
5 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.