Главни јадења

Манџичка од црвена леќа и компири

Домашна кашичка за бебе од црвена леќа,компир,домат,кромид и тиквица.

Време
40 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
ПосноБебе 8+ месециЕсенЗима
Eleonora
Eleonora
Пред 3 часа2 рецепти

Состојки

за 2 порции

7
  • 1 среден компир
  • 1 среден домат
  • 1 половинка кромид
  • 1,5 рака црвена леќа
  • 5 коцка тиквици
  • Сол по вкус
  • Масло по вкус

Подготовка

4 Чекори

1
Чекор

Измиете ја леќата. Излупете ги исчистете ги и измијте ги останатите состојки и исечете ги на коцки со приближна големина.

2
Чекор

Ставете го сите состојки во тенџере за варење, додадете малку сол,малку масло и сипете вода колку да се покриени состојките или еден прст над нив.

3
Чекор

Варете околу 25-30 минути додека да омекнат состојките.

4
Чекор

Кога ќе биде готова извадете дел од манџичката изблендирајте, оладете и послужете убава домашна кашичка за бебе.

Остави коментар