Главни јадења

Пилешки стек на тава со сос од печурки

Тенки стекови од пилешки гради, пржени на тава до златно, а однатре сочни и мекки. Во истата тава потоа се прави кремаст сос од шампињони, кромид, лук и готвачка павлака, кој ги собира сите вкусови од пржењето. Брза и вкусна вечера за 30 минути, со само една тава за миење.

Време
30 мин
Порции
4
Тежина
Лесно
А
Ана Т.
Пред 1 часРедакција на Рецепти.мк

Состојки

за 4 порции

12

За сосот

  • 400 грама свежи шампињони
  • 1 средна главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 100 милилитри пилешка супа или вода
  • 1 мала китка свеж магдонос
  • 200 милилитри павлака за готвење
  • 600 грама пилешки гради
  • 2 супени лажици брашно
  • 2 супени лажици масло
  • 30 грама путер
  • Сол по вкус
  • Црн бибер по вкус

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Пилешките гради исечете ги на парчина по желба,помали или поголем. Посолете ги, ставете бибер и промешајте ги малку во брашно.

2
Чекор

Во голема тава загрејте го маслото и половина од путерот на средно јака температура. Пржете ги стековите по 3-4 минути од секоја страна, додека не станат златни и целосно испечени. Извадете ги во чинија и покријте ги.

3
Чекор

Во истата тава ставете го останатиот путер и ситно сецканиот кромид. Пржете 2-3 минути, додека кромидот не омекне.

4
Чекор

Додајте ги исечените шампињони и пржете ги на појака температура 5-6 минути, додека не испари течноста и не добијат боја. Додајте го ситно сецканиот лук и пржете уште една минута.

5
Чекор

Налејте ја супата или водата и со дрвена лажица промешајте. Оставете да зоврие 1-2 минути.

6
Чекор

Намалете ја температурата, па потоа додадете ја павлаката за готвење, па додадете сол и бибер по вкус. Варете 2-3 минути, додека сосот малку не се згусне.

7
Чекор

Вратете ги стековите во тавата заедно со сокот што го пуштиле и загрејте ги во сосот 4-5 минути. Посипете со ситно сецкан магдонос и послужете веднаш.

Совет од готвачот

Ако тавата е помала, пржете ги стековите во две тури, за да се запечат убаво, а не да се динстаат. Не ги пржете подолго од потребното, бидејќи ќе останат сочни и кога ќе се вратат во сосот. Наместо пилешка супа може да се стави и вода. За посвежа арома додадете неколку капки лимонов сок на крајот. Убаво оди со пире од компири, ориз или зелена салата.

Остави коментар