Главни јадења

Посно пире од компири со спанаќ

Кремасто пире од компири со спанаќ и посен мајонез.

Време
30 мин
Порции
4
Тежина
Лесно
Посно
А
Ана Т.
Пред 1 часРедакција на Рецепти.мк

Состојки

за 4 порции

7
  • Спанаќ по вкус
  • Сол по вкус
  • Црн пипер по вкус
  • 500 грама компири
  • Мешан сув зачин по вкус
  • 150 милилитри вода
  • 2 супени лажици посен мајонез

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Излупете ги компирите и исечете ги на мали, приближно еднакви коцки. Исчистете го и добро измијте го спанаќот.

2
Чекор

Ставете ги компирите во тенџере, прелејте ги со вода и варете ги додека речиси омекнат.

3
Чекор

Додајте го спанаќот и варете додека компирите целосно омекнат.

4
Чекор

Добро исцедете ги компирите и спанаќот, па испасирајте ги заедно.

5
Чекор

Додајте сол, црн пипер и зачин по вкус. Постепено сипувајте ја водата која треба да виде врела или може да додадете соино млеко и мешајте додека смесата се изедначи.

6
Чекор

Додадете го посниот мајонез. Потоа треба да го вратите тенџерето на тивок оган и загревајте уште некоја минута со постојано мешање.

7
Чекор

На крај потребно е кога ќе го тргнете тенџерето од оган со миксер да изматите со мала брзина за пирето да стане кремасто.

Совет од готвачот

Течноста додавајте ја постепено за да ја добиете саканата густина. Матете со миксер само кратко, на најмала брзина, бидејќи предолгото матење може да го направи пирето лепливо. Внимавајте со солта ако сувиот растителен зачин веќе содржи сол.

Остави коментар