За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Гулаш со свинско".
Чекор 1
Најпрво потребно е да ги исецкате намирниците. Свинското месо го сецкаме на коцки. Кромидот го сецкаме, исто и пиперките, лукчето го сецкаме ситно, а морковот најдобро е да се изренда.
Чекор 2
Го ставаме месото, кромидот и другите состојки кои ги подготвивме претходно во малку вода и ги покриваме со капак да се готват на тивок оган. После 10-15 мин се додава виното и се дотура вода по потреба. Се меша и се продолжува со готвење и по потреба се додава вода.
Чекор 3
Сето ова се готви околу 2 часа, потребно е месото убаво да омекне. Исто така повремено се меша ама не премногу со цел месото да не се распадне да остане цело.
Чекор 4
При крај се додава доматата,пиперите, мешаниот сув зеленчук, ловоровите листа а потоа се крчка уште 20-на минути.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Главни јадења
Вкупно време
Околу 170 минути
Начин на сервирање
5 порции
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
12 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.