Сварете ги тестенините во посолена вода според упатството на пакувањето, па исцедете ги.
Тестенина со колбаси во кремаст сос
Брза и кремаста тестенина со колбаси.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 2 порции
- 4 парчиња колбас
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 200 милилитри пилешка супа од коцка
- 150 милилитри павлака за готвење
- 40 грама пармезан
- 10 грама свеж магдонос, ситно сецкан
- Масло за пржење
- Црвен пипер по вкус
- Сол по вкус
- Бибер по вкус
- Оригано по вкус
- Лута пиперка по вкус
- 200 грама тестенини
Подготовка
7 Чекори
Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на масло додека не омекне.
Додадете ги колбасите исечени на кругчиња, промешајте и пржете неколку минути.
Додадете го ситно сецканиот лук и зачините по вкус (сол, бибер, оригано, лута пиперка), па промешајте.
Налејте ја пилешката супа и павлаката за готвење и варете додека сосот не ја добие саканата густина.
Додадете ја сварената тестенина, пармезанот и свежиот магдонос, па убаво промешајте.
Служете топло и по декорирајте по желба.
Совет од готвачот
Зачините прилагодете ги по вкус: црвениот пипер дава боја, а лутата пиперка малку жар. Ако сосот стане премногу густ, додадете малку од водата во која се варела тестенината. Служете веднаш, посипано со уште малку пармезан.