Чоколадото стопете го на пареа, во сад поставен над тенџере со вода што врие. Не го топете директно на оган, ќе се згрутчи.
Чоколадни пралини со крем од кафе
Мали чоколадни залаци со мек крем од матена слатка павлака и инстант кафе. Калапите се премачкуваат со чоколадо во неколку слоја, во бои по желба.
Состојки
за 6 порции
За премачкување на калапи
- 6 супени лажици зејтин
- 300 грама чоколадо
Полнење
- 125 милилитри слатка павлака
- 2 лажичиња инстант кафе
Подготовка
7 Чекори
Стопеното чоколадо измешајте го со зејтинот додека не се соедини. Оставете го да се олади и да се згусне.
Ако сакате пралини во две бои, бело чоколадо стопете го на ист начин. Со него прво пополнете ги деловите што треба да бидат бели на горниот дел од пралината. Оставете ги во фрижидер да се стврднат добро.
Потоа нанесете уште 2-3 слоја темно чоколадо по ѕидовите. Со силиконска четка премачкајте ги калапите, од средината кон страните. Погустото чоколадо убаво се фаќа за ѕидовите. Вратете ги во фрижидер.Па потоа полнете ги калапите.
За полнењето, слатката павлака треба да ја ставете во сад за матење. Додадете го инстант кафето кое претходно ќе го растворите во вода по ваш вкус.Матете додека павлаката не се згусне убаво.
Со готварски шприц почнете да ги полните пралините. Оставете го полнењето да се стврдне.
На крај затворете ги пралините со стопено чоколадо и оставете ги да се стврднат пред да ги извадите од калапите.
Совет од готвачот
Топете го чоколадото само на пареа,Погусто чоколадо подобро се мачка. Подебел ѕид полесно се вади од калапот и не се крши. За повеќе бои, бојата во прав растворете ја во неколку капки млеко.