Ставете ги јајцата и шеќерот во сад и кратко изматете ги со миксер. Не е потребно долго матење, бидејќи смесата ќе се згуснува на пареа.
Состојки
за 30 парчиња
- 2 цели јајца
- 200 грама шеќер
- 200 грама мелени ореви
- 200 грама толчени ореви
Подготовка
9 Чекори
Поставете го садот над сад со вода што врие и продолжете да мешате со дрвена лажица. Мешајте сè додека шеќерот целосно не се растопи и смесата не се згусне. Топлината од пареата ги стабилизира јајцата и дава основа што ќе ги држи оревите заедно.
Тргнете го садот од пареата и додадете ги мелените ореви. Промешајте лесно, само додека не добиете хомогена смеса.
Проверете ја густината: смесата треба да биде густа за колачињата да не се разлеваат. Ако ви изгледа поретка, додавајте постепено ореви додека не добиете доволно густа смеса.
Во посебен сад ставете ги толчените ореви. Плехот обложете го со хартија за печење за да биде подготвен.
Земајте од смесата и спуштајте ја во толчените ореви каде што треба да се обложи од сите страни, па пренесете ја во плехот.
При редењето во плехот завртете ги краевите навнатре, како потковица или направете ги во облик по ваша желба.
Наполнетиот плех ставете го во загреана рерна на 170°C и печете околу 20-25 минути ако сакате поостар вкус а може и помалку да ги печете околу 15 минути.
Оставете малку да се оладат.
Совет од готвачот
Смесата мора да биде густа за колачињата да го задржат обликот на потковица во рерната или било кој друг облик.