За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Розен колачи со карамел".
Чекор 1
Во сад на оган ставете го шеќерот да се растопи да добие кафеава боја.
Чекор 2
Во стопениот шеќер додадете вода и оставете да се стопи шеќерот кој при додавање на водата се стврднал.
Чекор 3
Кога водата ќе зоврие додадете ја чоколадата и маргаринот и мешајте додека да се растопи се.
Чекор 4
Потоа во смесата додаде ги мелените бисквити и мешајте добро за да соедини.
Чекор 5
Оставете смесата малку да се олади.Потоа премачкувајте ги розенот кори. Ако смесата е поретка почекајте уште малку да се стегне. Ако не се стегне доволно додадете мелени бисквити.
Чекор 6
Премачканите и наредени розен кори оставете ги малце да одморат да се стегнат се препорачува тоа да биде во фрижидер.
Чекор 7
Откако ќе ги извадите розен корите од фрижидер нанесете глазура од чоколадо. За чоколадната глазура стопете 150 грама чоколада со 4 лажици масло и 1 лажица млеко, сето ова топете го на пареа.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Колачи
Вкупно време
Околу 25 минути
Начин на сервирање
30 парчиња
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
6 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.