Колачи

Спирални грисини од лиснато тесто со црн крем и шеќер

Кога ќе ви се присака нешто слатко, а немате време овие грисини се вистинскиот избор. Лиснато тесто, малку шеќер и растопен крем.

Време
35 мин
Порции
10
Тежина
Лесно
Д
Дејан Илиевски
Пред 21 часаРедакција на Рецепти.мк

Состојки

за 10 порции

3
  • 35 грама шеќер
  • 250 грама готово правоаголно лиснато тесто
  • 4 полни лажици крем

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Распослете хартија за печење на која ќе го посипете шекерот за потоа да го ставите лиснатото тесто и со сукалка да поминете неколку пати за да може шекерот да се залепи за тестото.

2
Чекор

Следно растопете го кремот на пареа. Растопениот крем размачкајте го на едната половина од лиснатото тесто.

3
Чекор

Преклопете ја другата половина од тестото во која нема крем врз половината во која го намачкавте кремот, а потоа тестото исечете го на ленти.

4
Чекор

Секоја лента треба да се свитка спирално.

5
Чекор

Наредете ги грисините во плех обложен со хартија за печење и печете ги на 180 степени 25 до 30 минути.

Совет од готвачот

Ако правите за поголемо друштво, наредете ги грисините на голем послужавник или исправени во висока чаша, па секој нека си земе колку сака. Кога ги сечете лентите, гледајте да бидат приближно еднакво широки, за да се испечат рамномерно. Растопениот крем нанесете го додека е уште топол, бидејќи така најлесно се размачкува.

Остави коментар