Ладни Предјадења

Лут намаз од цвекло

Кремаст и свеж намаз од варено цвекло, изматено со лук во сецко, па измешано со мајонез, јаболков оцет, сол и бибер. Се подготвува брзо, без готвење, и по желба може дополнително да се залути со мелена лута пиперка. Се служи на крекери, а одозгора може да се ренда малку кашкавал.

Време
30 мин
Порции
5
Тежина
Лесно
Б
Билјана
Пред 1 часРедакција на Рецепти.мк

Состојки

за 5 порции

7
  • 300 грама варено цвекло
  • 3 чешниња лук
  • 100 грама мајонез
  • 2 супени лажици јаболков оцет
  • Сол по вкус
  • Мелен црн бибер по вкус
  • 1 по желба мелена лута пиперка

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Варено то цвекло излупете го и исечете го на парчиња. Лукот исчистете го.

2
Чекор

Ставете ги цвеклото и лукот во сецко додека да се иситни.

3
Чекор

Префрлете ја смесата во сад, па додадете мајонез, 2-3 лажици јаболков оцет, сол и мелен црн бибер по вкус.

4
Чекор

Добро измешајте со лажица додека намазот не стане кремаст и рамномерно обоен. Пробајте и по потреба дополнете со сол, бибер или оцет.

5
Чекор

Ако сакате уште полут намаз, додадете малку мелена лута пиперка и повторно промешајте.

Совет од готвачот

Цвеклото исцедете го добро пред да го ставите во сецкото, за намазот да не биде воден. Оцетот додавајте го постепено и пробувајте, бидејќи цвеклото може да биде помалку или повеќе слатко. Намазот е повкусен ако одморе барем половина час во фрижидер. Чувајте го во затворен сад во фрижидер до 2 дена.

Остави коментар