За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Палачинки од тиквичка".
Чекор 1
Во вангличка се ставаат јајцата, солта, биберот. Со жица ги соединуваме. Додаваме дробено бело сирење, магдонос, кисела вода, млеко. Ја додавме свежо ренданата тиквичка. Соединуваме. Додаваме брашно. Количината ќе зависи од големината на тиквичката. Нелеплива тава ја загреваме на умерен оган, кај мене од 1-9 пржев на 6. Ставаме 2,3 капки масло, па ставаме еден кутлач од смесата. Убаво со кружни движења на тавата ја распоредуваме смесата. Пржиме од едната, па од другата страна да заруменат, скоро исто како и стандардни палачинки. Ги оставаме испржените, пролетни палачинки да се оладат. Сега ги премачкуваме со кисела павлака, ставаме парчиња сланина, печеница....што и не е задолжително. Ги завиткуваме како ролат и ги оставаме на кратко во фрижидер. Потоа цели, или пресечени на парчиња ги сервираме
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Ладни Предјадења
Вкупно време
Околу 45 минути
Начин на сервирање
5 парчиња
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
9 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.