Пити и теста

Банички полжавчиња со урда и спанаќ

Мали банички со тесто од јогурт, полнети со урда и спанаќ.

Време
1 ч
Порции
5
Тежина
Лесно
Б
Билјана
Пред 4 часаРедакција на Рецепти.мк

Состојки

за 5 порции

9

за полнење

  • 400 грама урда
  • 250 грама исчистен спанаќ

за тесто

  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша масло
  • ½ шолја вода
  • 1 цело јајце
  • 1 супена лажица оцет
  • 1 кафена лажица сол
  • Брашно по потреба

Подготовка

8 Чекори

1
Чекор

Прво подгответе го филот. Попржете го спанаќот, па додајте ја урдата. Посолете само ако урдата не е солена.

2
Чекор

Ставете ги состојките за тесто чаша јогурт, чаша масло, ½ шолја вода, цело јајце , супена лажица оцет, кафена лажица сол и брашно. Брашното почнете да го додавате по малку постепено и месете додека да добиете мазно и меко тесто.

3
Чекор

Поделете го тестото на 6 дела. Оставете ги да одморат 10 минути.

4
Чекор

Секое парче треба да го развлечете со сукало во кора. Попрскајте ја кората со масло.

5
Чекор

Пресечете ја кората преку средина за да добиете 4 дела.

6
Чекор

На крајот од секое парче распоредете од филот. Завиткајте во ролна, а ролната свиткајте ја во полжав.

7
Чекор

Наредете ги полжавчињата во плех. Одозгора малку попрскајте ги со масло. Нека биде и плехот каде што ќе ги редите полжавчината намрсен со масло за да не се залепат.

8
Чекор

Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени.

Совет од готвачот

Филот подгответе го однапред, за да ви чека готов кога ќе почнете да развлекувате. Пред да солите, пробајте ја урдата: ако е веќе солена, сол не ви треба. Не го прескокнувајте одморот на тестото, така полесно се развлекува.

Остави коментар