За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Пита со спанаќ и печурки".
Чекор 1
Во еден подлабок сад измешајте ги брашното и солта. Потоа додадете го ладниот путер исечен на листови и со раце втријте го во брашното. Додадете го претходно изматеното јајце, ладна вода и оцет, па со вилушка убаво измешајте.
Чекор 2
Тестото обликуваје го како топка, завиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 20 минути.
Чекор 3
За тоа време подгответе го филот. Ситно исецкајте го измиениот спанаќ.
Чекор 4
Печурките измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на листови.
Чекор 5
Во загреана тава без додавање на масло ставете го спанаќот и динстајте го на средна температура.
Чекор 6
По 5-6 минути кога ќе испари целата течност, спанаќот сипете го во друг сад, а во тавата сипете масло и додадете ги печурките и ситно сецканиот лук. Малку посолете и динстајте додека да ипари целата течност што ќе ја пуштат печурките.
Чекор 7
Готовите печурки ставете ги во садот кај спанаќот и оставете да се изладат.
Чекор 8
Извадете го тестото од фрижидер и ставете го на малку набрашнета работна површина. Со сукало развлечете го во форма на кругсо дијаметар околу 32 см и дебелина околу 2 мм.
Чекор 9
Калапот за печење со дијаметар од 26 см премачкајте го убаво со путер по дното и ѕидовите. Набрашнете го сукалото, намотајте го тестото на него и пренесете го во подготвениот калап. Со раце убаво притиснете го тестото во калапот, а вишокот што излегува надвород калапот исечете го остар нож. Со вилушка избоцкајте го тестото на дното на калапот.
Чекор 10
Изрендајте малку кашкавал на тестото и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени колку да се растопи кашкавалот.
Чекор 11
Разматете го јајцето со млеко и во тоа додадете павлаката и солта. Убаво измешајте. Во така подготвената смеса додадете ги спанаќот, печурките и на коцки ситно сецканата шунка. Измешајте за да се соединат соте состојки.
Чекор 12
Извадете го тартот од рерна и смесата рамномерно сипете ја на тестото.
Чекор 13
Ставете да се пече во загреаната рерна на 220 степени околу 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 20-тина минути. Пред крај на печењето на тартот изрендајте малку кашкавал. Ако почне да потемнува покријте го со алуминиумска фолија додека се пече и тргнете ја при крајот на печењето.
Чекор 14
Оставете да се излади 20-тина минути, а потоа извадете го од калапот, исечете го на парчиња и послужете.
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Пити и теста
Вкупно време
Околу 75 минути
Начин на сервирање
5 парчиња
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
17 состојки
Состојки
за тестото
за филот
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.