Пити и теста

Питулици на сода

Посни питулици од тесто со квасец и сода, исечени на ромбови и пржени до златна боја. Лесни и готови за 50 минути, идеални за Божиќниот пост.

Време
50 мин
Порции
4
Тежина
Лесно
Посно
Eleonora
Eleonora
Пред 8 часа4 рецепти

Состојки

за 4 порции

7
  • 1 килограм брашно
  • 500 милилитри вода
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 1 голема лажица сол
  • 1,5 кафени лажици сода бикарбона
  • 3 големи лажици масло
  • 1 кесичка квасец

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Во длабок сад ставете го брашното па потоа додадете ги солта, шеќерот, содата бикарбона,маслото и квасецот во прав. На крај промешајте ги состојките и додадете ја водата и месете додека убаво го измесите тестото. Доколку тестото се лепи за раце додадете малку брашно, во спротивно додадете малку вода.

2
Чекор

Тестото оставете го да одмори половина час.

3
Чекор

Одмореното тесто измесете го уште еднаш и поделете го на два дела и направете две топчина.

4
Чекор

Едното топче оставете го на страна покриено да не се сушии. На рамна површина сипете малку брашно и со сукалка растегнете го тестото да не биде ни многу дебело ни танко средна дебелина.

5
Чекор

Со нож сечете го тестото како на сликата(ромб)

6
Чекор

Во тава на загреано масло пржете ги пресечените парчина додека да добијат златна боја од едната страна па потоа превртете ги на другата страна.

7
Чекор

Постапката повторете ја и со другото топче на тесто.

Совет од готвачот

За околу 4 лица.

Остави коментар