Пити и теста

Посна пита-пица од интегрално брашно со тиквичка и семиња

Вкусот е на богата пица, а се прави лесно како пита. Погодна за деновите на постење.

Време
35 мин
Порции
6
Тежина
Лесно
Посно
Е
Елена Ристова
Пред 17 часа5 рецепти

Состојки

за 6 порции

13
  • 300 милилитри кисела вода
  • ½ лажиче сол
  • 1 кесичка пециво
  • 100 грама интегрално пченично брашно
  • 100 грама овесни трици
  • 5 супени лажици палента
  • 2 супени лажици бело пченично брашно
  • 1 цело мала тиквичка
  • 100 милилитри масло
  • 1 парче пиперка
  • Лук по вкус
  • Маслинки по вкус
  • Микс од семиња по вкус

Подготовка

7 Чекори

1
Чекор

Во сад истурете ја киселата вода, па додајте сол, масло и пециво. Мешајте додека солта не се растопи.

2
Чекор

Постепено додавајте го брашното(двете брашна од списокот ), овесните трици и палентата, мешајќи постојано.

3
Чекор

Смесата треба да биде хомогена и малку погуста. Ако е премногу густа, се додава кисела вода ако е многу ретка додаваме брашно.

4
Чекор

Во смесата вмешајте ги претходно ситно исечканата тиквичка, пиперка и лук.

5
Чекор

Подмачкајте плех со маргарин и истурете ја смесата.

6
Чекор

Одозгора наредете маслинки исечени по ваша желба и посипете со микс од 4 семиња.

7
Чекор

Печете 30 минути на 200 степени.

Совет од готвачот

Густината на смесата е клучна: треба да биде малку погуста од смесата за тостерки. Ако е премногу густа, додадете уште малку кисела вода. Зеленчукот сечете го ситно за рамномерно да се распореди во тестото.

Остави коментар