За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Крап од рерна".
Чекор 1
Надворешните страни на крапот исечете ги на неколку места со остар нож. Потоа убаво посолете и посипете со свежо мелен бибер и убаво втријте ги во направените засеци на рибата.
Чекор 2
Во внатрешноста на крапот ставете две половинки лимон.
Чекор 3
На крај рибата посипете ја со малку маслиново масло.
Чекор 4
Садот во кој ќе ја печете рибата обложете го со алуминиумска фолија и благо премачкајте го со масло.
Чекор 5
На алуминиумската фолијата посипете го сецканиот лук и сецканиот свеж магдонос или целер, како и со исцеден сок од 1/2 лимон.
Чекор 6
На тоа ставете ја рибата, поклопете или покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 до 45 минути.
Чекор 7
Потоа рибата прелијте ја со сокот од втората половина од лимонот и вратете да се допече уште 10-15 минути откриена. Рибата треба да остане сочна од внатре, а надворешноста треба да добие убава златно-кафена боја.
Чекор 8
Печената риба извадете ја од рерна, сочекајте неколку минути (за да полесно ја одвоите од фолијата) и потоа сервирајте ја со некој прилог или салата, по желба.
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Риба и морски плодови
Вкупно време
Околу 80 минути
Начин на сервирање
3 порции
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
9 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.