За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Вкусна салата со пилешко и кикиритки".
Чекор 1
Најпрво потребно е пилешкото месо да го сварите. Кикиритките потребно е да бидат печени и да не се солени.
Чекор 2
Кикиритките треба да се исецкаат или да се изблендираат, потребно е да бидат со средна големина.
Чекор 3
Следно вареното пилешкото месо и киселите кираставички ситно ги сецкаме.
Чекор 4
Во некој сад кој е подлабок ги ставаме кикиритките а потоа додаваме пилешкото и краставичките. Добро ги промешуваме состојките. На крај ги додаваме солта, црниот пипер и грчкиот јогурт и добро мешаме за се да се соедини.
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Салати
Вкупно време
Околу 65 минути
Начин на сервирање
2 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
5 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.