За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Лимон крем - Lemon curd crema".
Чекор 1
Прво убаво лимоните се мијаат во топла вода во која има додадено малку сода бикарбона. До колку имате домашни лимони ова не е потребно. Потоа се сушат лимоните со крпа, се ренда кората и се цеди сокот од лимони. Во една касерола се ставаат сокот од лимони, кората, шеќерот и путерот. Се става врз сад со вода за постепено да се растопат и соединат.
Чекор 2
Сега кратко со миксер се матат јајцата и се додаваат во касеролата која е над пареа. Постојано се меша околу 6-7 минути, односно се додека кремот не се згусни. Се собира во теглички и може да стои во фрижидер до 10 дена. Истиот крем може да се прави со лимети, портокали, цитрони.
Совет
Се користи за торти,колачи,палачинки...
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Сосови
Вкупно време
Околу 20 минути
Начин на сервирање
1 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
4 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.