Супи и Чорби

Крем супа од брокула

Едноставна крем супа од брокула, компир и морков, со нежна текстура. Се подготвува за вкупно 30 минути и е доволна за 2 лица.

Време
35 мин
Порции
2
Тежина
Лесно
Е
Елена Ристова
Пред 11 часа3 рецепти

Состојки

за 2 порции

9
  • 1 помала главица кромид
  • 1 мало парче брокула
  • 500 мл вода
  • Сол по вкус
  • Мелен црн пипер по вкус
  • 1 парче компир
  • 1 парче морков
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маст

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Излупете ги кромидот, компирот, морковот и лукот и ситно исечкајте ги. Измијте ја брокулата и разделете ја на мали цветчиња.

2
Чекор

Во тенџере загрејте ја маста на средна температура. Додајте го кромидот и пропржете додека да омекне.

3
Чекор

Додајте ги брокулата, компирот, лукот и морковот. Додадете 500 мл вода и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус.

4
Чекор

Оставете да зоврие, па намалете ја температурата и варете со делумно покриено тенџере додека зеленчукот не омекне.

5
Чекор

Тргнете го тенџерето од огнот и изблендирајте ја супата со рачен блендер додека не стане мазна. Пробајте, по потреба насолете и послужете ја топла.

Совет од готвачот

Исечкајте ги компирот и морковот на ситни парчиња за побрзо да се сварат. Пред блендирањето тргнете го тенџерето од огнот и држете ја главата на рачниот блендер потопена во супата за да избегнете прскање.

Остави коментар