За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Зимска минестроне чорба".
Чекор 1
Ситно исецкајте ги сланината, лукот, листовите магдонос и целер и измешајте ги.
Чекор 2
Леблебиите потопете ги во вода и оставете да стојат преку ноќ, а гравот потопете го во вода 4 часа пред да го варите. Потоа ставете ги кратко да се варат, исцедете ја водата и повторно сипете нова и продолжете со варењето.
Чекор 3
Кога ќе почне да врие додадете ја смесата со сланина и мелениот сув зачин и оставете да се вари на тивко.
Чекор 4
Кога малку ќе омекнат гравот и леблебиите, додадете ги компирите исецкани на коцки, сецканите домати, ловоровиот лист, биберот и пченката.
Чекор 5
Кога сите состојки ќе бидат варени по потреба додадете сол и ситно сецкан свеж магдонос.
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Супи и Чорби
Вкупно време
Околу 35 минути
Начин на сервирање
4 порции
Комплексност
Лесно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
13 состојки
Состојки
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.