Во поголем сад издробете го квасецот, па додадете ја водата, маслото, солта и шеќерот.
Состојки
за 10 порции
За филот
- Кашкавал по потреба
- Рендана салама по потреба
- Кечап по потреба
За тестото
- 15 грама свеж квасец
- 250 милилитри вода
- 70 милилитри масло
- 1 супена лажица сол
- 1 супена лажица шеќер
- 500 грама брашно
Подготовка
6 Чекори
1
Чекор2
ЧекорИзмешајте со дрвена лажица додека квасецот целосно не се раствори.
3
ЧекорДодавајте го брашното малку по малку и замесете меко тесто.
4
ЧекорРазвлечете го тестото со оклагија и со чаша вадете кругчиња. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
5
ЧекорСекое кругче премачкајте со малку кечап, ставете рендана салама, па малку изрендан кашкава.
6
ЧекорПечете ги во загреана рерна на 200°C околу 15 минути, додека рабовите не поруменат.
Совет од готвачот
Тестото развлечете го подебело, околу половина сантиметар, за пиците да останат меки. Не ставајте премногу кечап, за кругчињата да не се натопат. Наместо салама можете да ставите нешто по ваш избор, а мини пиците се најубави додека се уште топли.