Модрите патлиџани исечете ги на половини, малку засечете ја средината и посолете ги.
Полнети модри патлиџани со мелено месо и кашкавал
Ситни модри патлиџани, преполовени и печени во рерна додека не омекнат, а потоа издлабени и полнети со мелено месо.
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Состојки
за 4 порции
- 4 парчиња ситни модри патлиџани
- 150 грама кромид
- 200 грама мелено месо
- Сол по потреба
- Сушен зеленчуков зачин по потреба
- Бибер по потреба
- Кашкавал по потреба
- Масло по потреба
- 1 шолја доматно пире
Подготовка
8 Чекори
Вклучете ја рерната на 200 степени. Обложете плех со хартија за печење, наредете ги патлиџаните и ставете ги да се печат додека не омекнат.
Во меѓувреме, исечкајте го кромидот на ситни коцки. Во помал сад загрејте масло на рингла и додајте го кромидот да се пржи.
Кога патлиџаните ќе омекнат, извадете ги од рерната и со лажичка издлабете ја средината, така што ќе остане лушпата со слој од месото на патлиџанот за полнење.
Во кромидот додајте го меленото месо, солта, сушениот зеленчуков зачин и биберот и пржете. Потоа додајте го доматното пире и пржете, додека месото биде готово.
Со подготвениот фил наполнете ги патлиџаните и наредете ги на истиот плех.
Одозгора изрендајте кашкавал и вратете ги во рерната да се допечат додека кашкавалот не се стопи.
Послужете ги топли со салата по желба.
Совет од готвачот
Изберете ситни и цврсти модри патлиџани со мазна кора, бидејќи тие побрзо омекнуваат и подобро ја држат формата. Внимавајте при длабењето да оставите доволно дебел слој од месото на патлиџанот за лушпата да не се скине. Издлабената средина може ситно да ја исечкате и да ја додадете во филот заедно со месото.