Брза торта со пишкоти
Торти

Брза торта со пишкоти

Пишкоти натопени во капучино, крем од маскарпоне и чоколаден прелив ја прават оваа лесна торта со само 15 минути подготовка.

Време
15 мин
Порции
10
Тежина
Лесно
Elena
Elena
Пред 9 часа2 рецепти

Состојки

за 10 порции

7

за меѓу фил

  • 2 пакетче пишкоти

за фил

  • 500 милилитри хопла
  • 250 грама маскарпоне
  • 200 грама кондензирано млеко

за ганаш

  • 200 грама чоколада

за потопување пишкоти

  • 2 големи лажици капучино
  • 250 милилитри млеко

Подготовка

5 Чекори

1
Чекор

Се мати хоплата па потоа се става маскарпонето и се матат заедно на крај се додава кондензираното млеко и филот е готов.

2
Чекор

Следно, во млеко и капучино се потопуваат пишкототе и се редат во сад.

3
Чекор

Врз пишкотите се става половина од филот и се рамни со шпатула.

4
Чекор

Постапката се повторува уште еднаш, ред пишкоти, ред фил со што филот да биде завршна фаза за овој чекор.

5
Чекор

Се растопува чоколадата со малку хопла и на веќе готовата торта се сипа од озгора се израмнува и се остава преку ноќ во фрижидер да се стегне

Совет од готвачот

Направете дома сами кондензирано млеко за подобар вкус.

Остави коментар