Наведените количини во групата за тесто се за едно тесто, а потребни се две, па за второто употребете ги истите количини повторно. Загрејте ја рерната на 180 °Ц. Изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете густа пена. Додајте ги млекото, маслото, брашното, какаото и прашокот за пециво. Соединете со шпатула, мешајќи нежно за смесата да остане воздушеста.
Какао торта со ванила и овошни филови
Торта со четири какао кори, прелиени со млеко и рум, и два ванилини фила: еден со цреши и друг со мешано овошје од компот. Декорацијата од чоколада и шарени трошки го заокружува десертот.
Состојки
за 10 порции
тесто
- 5 цели јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 3 лажици какао
- 100 мл млеко
- 100 мл масло
- ½ пакетче прашок за пециво
прелив за тесто
- 100 мл млеко
- 2 лажици рум
- 4 лажици шеќер
фил
- 1 литар млеко
- 300 грама шеќер
- 4 пакетче пудинг од ванила
- 250 грама путер
- 200 грама компот од цреши
- 200 грама компот од мешано овошје
декорација
- 100 грама чоколада за готвење
- Шарени трошки по вкус
Подготовка
8 Чекори
Истурете ја смесата во помал сад и печете околу 20 минути на 180 °Ц. На ист начин подгответе и испечете уште едно тесто. Оставете ги двете теста да се изладат.
За филот, одвојте малку од млекото и разматете го пудингот во него. Остатокот од млекото загрејте го со шеќерот. Додајте го разматениот пудинг и варете со постојано мешање додека не добиете густ крем.
Оставете го кремот целосно да се излади, па соединете го со омекнатиот путер. Поделете го филот на два дела. Во едниот ставете ги исцедените цреши од компотот, а во другиот исцеденото мешано овошје.
Пресечете го секое изладено тесто на половина за да добиете четири кори. Измешајте ги млекото, шеќерот и румот за преливот, па рамномерно прелијте ги корите.
Наредете ја тортата по следниов редослед: кора па фил од цреши , кора па фил од мешано овошје.
Растопете ја чоколадата и прелиијте ја тортата и украсете по желба.
Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер, за филовите да се стегнат и корите да го впијат преливот.
Совет од готвачот
Добро исцедете го овошјето од компотите за филовите да не се разредат. Путерот нека биде омекнат, а кремот целосно изладен пред соединувањето, за да добиете изедначен фил.