За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.
Научете како да направите вкусен оброк следеќи ги инструкциите на овој рецепт "Торта со пудинг и вишни".
Чекор 1
Исцедете ги вишните. Исецканите бадеми кратко истостирајте го на врела тава и оставете ги да се изладат.
Чекор 2
Преминете на подготовка на пудингот. Двете кесички пудинг сипете ги во еден сад и измешајте ги со шеќерот. Додадете 150 мл млеко и убаво измешајте да нема грутки.
Чекор 3
Во сад на рингла ставете да се вари 600 мл млеко. Кога ќе почне да врие тргнете го на страна и со постојано мешање додадете го пудингот. Вратете го на рингла, смалете ја температурата и со постојано мешање варете го пудингот додека не се згусне (2-3 минути). Садот тргнете го од рингла и покријте го со пластична фолија за да не се фати коричка. Оставете го да се излади.
Чекор 4
Преминете на подготовка на второто тесто. На тивко на рингла растопете го путерот и оставете го да се излади.
Чекор 5
Во друг сад ставете ги пропржените бадеми, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и солта и измешајте. Додадете го изладениот путер и со миксер убаво изматете. На крај додадете 2 лажици брашно и со вилушка полека измешајде да добиете ронливо тесто.
Чекор 6
Рерната загрејте ја на 200 целзиусови степени. Тавата за печење (32 х 39 см) намастете ја и посипетеја со малку брашно.
Чекор 7
Преминете на подготовка на првото тесто. Во сад ставете ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер, изренданата кора од лимон и сол и убаво изматете со миксер. Со постојано матење додадете ги јајцата едно по едно. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и нишестето и постепено додадете ги, со постојано матење, во горната смеса. Тестото сипете го намастената тава и израмнете го.
Чекор 8
Преминете на подготовка на кремот. Киселата павлака и јајцата убаво изматете ги. Потоа во оваа смеса додадете го изладениот пудинг од ванила (лажица по лажица) со постојано мешање.
Чекор 9
Врз тестото ставете го џемот од вишни, а потоа распоредете ги и исцедените вишни од компотот.
Чекор 10
Врз вишните распоредете го кремот и израмнете го.
Чекор 11
На крај нанесете го ронливото тесто (едноставно изронете го).
Чекор 12
Ставете да се пече во загреана рерна 40-45 минути.
Чекор 13
Печениот колач оставете го убаво да се излади. Потоа исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав.
Може да ви се допадне
Нема коментари
За рецептот
Категорија
Торти
Вкупно време
Околу 80 минути
Начин на сервирање
20 парчиња
Комплексност
Средно
Потекло/Кујна
Македонска
Број на состојки
24 состојки
Состојки
за пудингот
за второто тестото (за ронките)
за првото тесто
за кремот
За да ја извршите акцијата потребно е да бидете најавени.