Излупете ги доматите и ситно исечкајте ги. Потребно е ситно да се исечкаат кромидот и лукот.
Сос за тестенини од црвени домати и босилек
Домашен сос со црвени домати, кромид, лук и суви зачини. Убаво се вклопува со тестенини.
Состојки
за 20 порции
- 4 килограми црвени домати
- 2 лажици сув босилек
- 2 лажици суво орегано
- 6 главички кромид
- 5 чешниња лук
- 5 лажици пире од домати
- 3 лажици шеќер
- 1 лажица сол
Подготовка
5 Чекори
Во длабоко тенџере запржете го кромидот додека да омекне. Потоа додадете го лукот и гответе уште некоја минута.
Додадете го пирето од домати промешајте па додадете ги сечканите домати. Варете околу 40 минути и на крај додадете ги зачините.
Во веќе подготвените тегли соберете ја подготвената смеса и добро затворете ги теглите.
Во рерна ставете плиток сад полн со вода помалку од половина,па потоа готовите тегли ставете ги во садот со вода во рерната и оставете ја уклучена рерната на 100°Ц околу 1 час. Потоа исклучете ја рерната и теглите нека стојат во неа уште некое време. На крај извадете ги од рерна и оставете ги сами целосно да се оладат.