На загреано маслиново масло, на тивок оган го ставаме ситно сецканиот кромид да се запржи. Додаваме рендан морков, рендан целер и рендана тиквичка. Пржиме со повремено промешување.
Главни јадења
Летна паста со тиквичка
Летна паста со спирални тестенини и свеж сос од рендана тиквичка, морков и целер, зачинена со печена пиперка и ароматични билки. Сервирана со магдонос и пармезан
Time
30 min
Servings
2
Difficulty
Easy
Rating
5.0 (1)
5.0(1)
Summer
Ingredients
serves 2
- 300 грама спирални тестенини
- Вода по потреба
- Магдонос по потреба
- Пармиџано сирење по потреба
- 1,2 лажици маслиново масло
сос
- Сол по вкус
- 1 мала главица кромид
- 1 цело морков
- 1 средна тиквичка
- 1 парче целер
- 1 парче печена пиперка
- 1 лажиче оригано или мајчина душичка
- Бибер по вкус
Preparation
8 Steps
1
Step2
StepШтом е зготвен зеленчукот зачинуваме со сол и бибер, додаваме сецкана печена пиперка и оригано или мајчина душичка.
3
StepВо меѓувреме ја вариме тестенината во посолена вода.
4
StepЕдна минута пред да е готова тестенината ја тргаме од оган.
5
StepКај сосот додаваме околу 1 неполна кутлача од водата во која се вареа спиралите.
6
StepЈа додаваме процедената тестенина во сосот и се заедно оставме да крчка уште 30 секунди.
7
StepСервираме во чинии, по краевите посипуваме сецкан магдонос, а во средината рендаме пармезан.
8
StepПо желба врз пармиџаното може да се стави 1 лажица кисела павлака.