Панирани плескавици со компир и сланина
Главни јадења

Панирани плескавици со компир и сланина

Домашни плескавици од мелено мисиркино месо, со компир, сланина и кромид. Се премачкуваат со белка, се валкаат во лебни трошки и се пржат во тава. Послужете ги топли, со омилениот прилог.

Time
1 h
Servings
4
Difficulty
Easy
Б
Билјана Стојановска
9 hours agoRecepti.mk editorial team

Ingredients

serves 4

11
  • 300 грама мелено мисиркино месо
  • 1 цело варен компир (средно голем)
  • 50 грама сланина
  • 1 цело јајце
  • 1 цело кромид
  • Сечкан магдонос по вкус
  • Бибер по вкус
  • Сол по вкус
  • Мешан сув зачин по вкус
  • Лебни трошки по потреба
  • Масло по потреба

Preparation

6 Steps

1
Step

Сварете го компирот, изгмечете го и оставете го да се излади.

2
Step

Во длабок сад изрендајте го кромидот а потоа додадете ги ситно сечканата сланина, меленото мисиркино месо, компирот, жолчката, магдоносот, биберот, солта, сувиот зачин и лебни трошки по потреба.

3
Step

Добро измесете ја смесата за да може да обликувате плескавици.

4
Step

Подгответе две чинии. Во едната ставете ја белката од јајце која претходно ќе ја изматите со виљушка, а во другата чинија ставете ги лебните трошки.

5
Step

Премачкајте ја секоја плескавица со белката од двете страни, па потоа извалкајте ја во лебните трошки.

6
Step

Испржете ги плескавиците во добро загреана тава со малку масло. Послужете ги со спанаќ, пире или друг прилог по желба.

Chef's Tip

Компирот може да го сварите и изгмечите однапред. Откако ќе се излади, чувајте го во покриен сад во фрижидер до подготовката. Додавајте ги лебните трошки постепено, додека смесата стане погодна за обликување.

Leave a comment