Колачи

Кандирана кора од портокал

Празниции се ближат. Кај мене веќе домот почна да мириса на убавина. Празниците не може да поминат без мирис на портокал, цимет, анис, кардамом. Јас уживам додека ги правам подготовките, се надевам и вие.

Time
30 min
Pieces
20
Difficulty
Easy
FastingWinter
K
Katerina Naskova
November 7, 202651 recipes

Ingredients

makes 20 pieces

4
  • 4 парчиња портокал
  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • 200 милилитри вода за варење
  • 200 грама шеќер

Preparation

3 Steps

1
Step

Чувајте ја кората од портокалите во вода 1 ден, во која има додадено сода бикарбона. Менувајте ја водата два, три пати . Исцедената кора исечкајте ја на кришки или коцки по ваша желба.

2
Step

Во тенџере ставете ја исечената кора од портокал, прелијте ја со вода, па варете додека не зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете го од оган, исцедете ја водата, прелијте со друга вода и повторно варете. Повторете го ова 5 или 6 пати. По последното варење се става кората во цедалка да отстои, додека се варат шеќерот и водата.

3
Step

Овде јас со нож ја отстранувам цела бела кора, која ја содржи портокалот. По ова готвење кората треба да биде приближно 200 гр. Колку што имате кори, додадете шеќер и вода приближно 1 дл на 100 гр кора. Мојата кора беше 200 гр, па дадов 200 гр шеќер и 2 дл вода. Додека се цеди кората, се става шеќерот (200гр) со вода (2дл) да се свари. Кога малку ќе згусне, додадете ја исцедената кора. Гответе околу 15 -20 минути. Соберете во стерилна тегличка и користете ги за колачи, торти, купови. За претстојните празници

Chef's Tip

На ист начин може да се подготви кора од лимон

Leave a comment