Рустичен, сезонски кревок колач
Колачи

Рустичен, сезонски кревок колач

Рустичен, сезонски кревок колач за попладневно уживање

30 min
Prep: 0 / Cook: 30
12
servings
Easy
Difficulty
5.0
1 Ratings
K
Katerina Naskova
1 day ago

Ingredients

10
  • 2 цели јајца
  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша масло
  • 1 чаша кисело млеко
  • 2 чаши брашно
  • 1 пакетче пециво
  • 1 пакетче ванила со вкус на портокал
  • 1 поголемо праска или нектарина
  • 1 голема јаболко
  • 0 по вкус шеќер во прав

Preparation

9 Steps

1
Step

Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати смесата убаво да побели.

2
Step

Со исклучен миксер ги додаваме маслото и киселото млеко, во 2 наврати, со промешување.

3
Step

Додаваме брашно и пециво. Соединуваме смесата.

4
Step

Смесата ја распоредуваме во калап бр 20, со обрач.

5
Step

Излупеното овошје го сецкаме и го поставуваме на површината на смесата.

6
Step

По желба, со врв на ножот, го притискаме да влезе навнатре.

7
Step

Го печеме десертот 45 минути, на 180 степени, да добие убава боја.

8
Step

Го оставаме 5 минути во калапот, потоа внимателно го вадиме и го оставаме на решетка да се излади.

9
Step

Го посипуваме со шеќер во прав. Сечеме парчиња и сервираме.

Chef's Tip

Забелешка -  како мерка е користена е чаша од 200 мл.

Leave a comment