Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, шеќерот и квасецот. Промешуваме и оставаме да се активира.

Манастирска штрудла
Манастирска штрудла е слојна, свилена со мазно тесто,ароматична...моја омилена
This content is owned by the author and used with their consent.
Terms ↗Ingredients
- 500 грама брашно
- 50 грама шеќер
- 30 грама свеж квасец
- 125 грама кисела павлака
- 60 грама путер
- 60 милилитри млеко
- 1 кафена лажица сол
- 1 пакетче ванила
- 2,5 парчиња јајце
фил
- 275 грама мелен орев
- 130 милилитри млеко
- 115 грама путер
- 100 грама шеќер
- 1 пакетче ванила
- 1 кафена лажица цимет
Preparation
7 Steps
Во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, ванила, киселата павлака, растопен путер и јајцата. Соединуваме убаво со вилушка. Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, нелепливо тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Во едно тенџере ставаме млеко, шеќерот, ванилата, циметот и путерот. На тивок оган оставаме да се соединуваат. Ги додаваме мелените ореви и готвиме на тивко додека не се згусни филот.
Втасаното тесто поделете го на 2 или 3 дела, зависно од желбата за големина на штрудлите.
Секое топче расучете го во правоаголна кора. Премачкајте со дел од филот и заролајте ролат.
Редете ги штрудлите во плех. Оставете ги на топло 30 минути, па премачкајте ги со остатокот од јајцето.
Печиме во загреана рерна околу 30 минути. Оставаме на решетка убаво да се изладат, па сечиме на парчиња.