Зимници

Лутеница со цепени пиперки

Лутеница со цепени пиперки е традиционална зимница направена од црвена пиперка капија, домати и лути пиперки, печена и варена со оцет, шеќер и масло. Ароматична и пикантна, совршена за конзервирање и долготрајно чување.

Time
2 h 30 min
Servings
30
Difficulty
Medium
FastingЗимницаAutumn
K
Katerina Naskova
October 22, 202651 recipes

Ingredients

serves 30

9
  • 7 килограми црвена пиперка капија
  • 5 килограми црвени домати
  • 1 килограм лути пиперки
  • 1 чаша шеќер
  • ¾ чаша оцет
  • 1,5 чаши масло
  • Сол по вкус
  • Бибер по вкус
  • Магдонос по вкус

Preparation

6 Steps

1
Step

Црвените домати се лупат и се сечат на парчиња. Се става тенџерето на оган и се прави сос. По потреба поминете ги доматите со стапчест миксер за да добиете мазна смеса.

2
Step

Пиперките се печат, се лупат, и се цепкаат на долги парчиња. Нека отстојат во цедалка 2-3 часа за да се исцедат.

3
Step

Во згуснатиот сос од домати се додаваат цепените пиперки и се меша на оган 30 минути.

4
Step

Се додаваат оцетот, шеќерот, маслото и солта и се крчка уште околу 1 час.

5
Step

Пред крај се додаваат зрна бибер и сецкан магдонос.

6
Step

Врелата лутеница се збира во жешки тегли.

Chef's Tip

Напомена – чашата е од 250 мл.

Leave a comment