Смоквите се чистат од дршките, потоа на неколку места се боцкаат со вилушка или игла.

Слатко од зелени смокви
Слатко од зелени смокви е традиционално домашно слатко создавајќи вкусно и ароматично уживање.
This content is owned by the author and used with their consent.
Terms ↗Ingredients
- 2 килограми Мали зелени смокви
- 6 килограми шеќер
- 1 цело лимон
- 800 милилитри вода за шербет
Preparation
10 Steps
Се ставаат во тенџере, се налеваат со вода и се ставаат на загреана рингла да провријаат по еден клуч.
Се истура водата во која вриеле, се налева нова вода и пак провриваат.
Оваа постапка се повторува 9 пати.
Во друго тенџере се става шеќерот заедно со водата да се соединат.
Кога ќе почни да врие шербетот се додаваат исцедените смокви.
Слаткото се вари до саканата густина, односно околу 30-45 минути.
На крај се додаваат кругови лимон.
Се покрива тенџерето со влажна крпа и така стои 12 часа.
Слаткото се збира во чисти тегли.
Chef's Tip
Ви треба многу време за подготовка,но се исплати секоја потрошена минута