Ги лупиме доматите, ги сецкаме и оставаме на оган да крчкаат. На половина од готвењето го поминуваме сосот со стапчест миксер и ги зачинуваме. Вариме додека не добиеме густ сос.

Главни јадења
Гратинирана летна манџа
Топло и вкусно летно јадење, совршено за ручек.
30 мин
Подготовка: 0 / Готвење: 30
3
порции
Средно
Тежина
5.0
1 Оценки
K
Katerina Naskova
Содржината е во сопственост на авторот и се користи со негова согласност.
Услови ↗Пред 4 часа
Состојки
- 1 парче црн домат
- 1 парче тиквичка
- 100 грама бело сирење
- 3 парчиња јајца
- 1 голем грст магдонос
- 0 по потреба масло
Зачини
- 0 по вкус сол
- 0 по вкус бибер
Сос од домати
- 600 грама свеж домат
- 0 по малку шеќер
- 0 по вкус босилек
- 0 по вкус магдонос
Подготовка
9 Чекори
1
Чекор2
ЧекорЦрниот домат и тиквичката ги лупиме. Со помош на алатка ги сечиме на танки ленти. Многу малку ги набрашнуваме и ги пржиме во загреана тава на умерен оган. Ги вадиме на страна.
3
ЧекорНа дното на ватростален сад го ставаме доматниот сос.
4
ЧекорРедиме пржени ленти црн домат и расфрламе магдонос.
5
ЧекорСтаваме ленти пржена тиквичка и расфрламе магдонос.
6
ЧекорЈа повторуваме постапката уште еднаш со преостанатите ленти.
7
ЧекорРедиме парчиња сирење и кршиме јајца врз слоевите.
8
ЧекорГо ставаме садот во загреана рерна да се гратиниран манџата 15-20 минути.
9
ЧекорСервираме топло.